9 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБ: Последниот ден од неделава со промет од 2,3 милиони денари

МБ: Последниот ден од неделава со промет од 2,3 милиони денари

mk berza

Последниот трговски ден во оваа седмица на Македонската берза имаше вкупен промет од 2,3 милиони денари и реализирана вкупно количество од 8.199 лотови преку 33 трансакции.

Само акцијата на Алкалоид АД Скопје во вчера имаше промет од 713 илјади денари со истргувани 145 акции преку 11 трансакции по просечна цена од 4.919 денари.

Најголем добитник на денот беше акцијата на Баргала АД Штип со раст на вредноста од 661,90 отсто, истргувани 100 акции преку две трансакции. Зад неа ја следеа акциите на Витаминка со раст од 4,58 проценти и Охридска банка со раст од 2,23 отсто.

Обврзниците за денационализација вчера се тргуваа во обем од 386 илјади денари при што промет имаше со обврзниците РМДЕН06, РМДЕН07, РМДЕН10, РМДЕН12 и РМДЕН13

Индексот МБИ-10 вчерашниот ден го заврши со раст од 0,15 отсто и изнесуваше 1.703,96 индексни поени, додека пак индексот ОМБ порасна за 0,70 отсто и изнесува 127,27 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП