22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо 38.000 нови работни места во САД во мај

Само 38.000 нови работни места во САД во мај

jobs aval

Во мај новоформираните работни места во САД изнесуваат едвај 38.000 или најмалку од околу шест години.

Резултатот се покажа далеку под просечните очекувања на аналитичарите за над 100.000 нови работни места. Во исто време нивото на невработеност се намали до 4.7%, или најниското од ноември 2007-ма година. Конфликтните резултати за пазарот на трудот ги намалија очекувањата дека ФЕД ќе прибегне кон зголемување на каматните стапки на претстојната седница која е закажана овој месец.

Златото поскапе веднаш по резултатите, додавајќи над 1,5% на својата вредност, до нивоа на трговија од 1.230. Фјучерсите на државните индекси се намалија до нивоа под 2.100 поени, а доларот забележа значителен пад во однос на останатите главни валути. Во однос на јенот, доларот се тргува на ниво од 107.80 јени, или со околу јен помалку во споредба од пред оддржување на податоците. Еврото исто така, истакна значаен раст во однос на „зелените пари“, до ниво од 1.1265.

Европските индекси се тргуваат на негативна територија, па германскиот „DAX“ се намали за речиси еден процент.

„Податоците најверојатно ќе ги намалат очекувањата на резерва за обновување на американската економија. Американската економија е малку слаба, во споредба со првичните очекувања“, коментира Томас Костерг, главен економист во „Standard Chartered Bank“, цитиран од Bloomberg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП