9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMarkit: Слабиот раст на еврозоната ќе продолжи

Markit: Слабиот раст на еврозоната ќе продолжи

EU (1) zemjite 35

Слабиот раст на европската економија најверојатно ќе се задржи во следните месеци. Тоа го прогнозираат од консултантската компанија „Markit Economics“.

Нејзиното истражување врз бизнис развојот во секторот на индустријата и услугите покажува дека активноста во нив е намалена до 16-месечен минимум во мај. Тоа ја тера агенцијата да смета дека претстои слаб раст на економијата на еврозоната во следните месеци.

Еврозоната најверојатно ќе регистрира раст од 0,3%, што би било одложување наспроти нејзиното зголемување во првиот квартал во износ од 0,5%.

„Економијата на еврозоната се чини не успева да излезе од состојбата на слабо претставување“, според Крис Вилијамсон, главен економист на „Markit“ во Лондон.

Во изјавата вчера претседателот на ЕЦБ Марио Драги најави дека позитивните ефекти од програмата на стимулации на банката допрва ќе се почувствуваат. ЕЦБ продолжува да откупува назад средства во износ од 80 милијарди евра, што го снабдува пазарот со ликвидност. Програмата на банката ќе продолжи барем до март следната година.

Индексот „PMI“ на „Markit“ се искачи на 53.1 поени во мај, што беше над просечните очекувања на аналитичарите за вредност од 52,9 поени. Индексот за услужниот сектор се зголеми до тримесечен врв кај 53.3 поени, повторно над просечните очекувања на аналитичарите за вредност од 53.1 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП