26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот со двегодишен врв

Биткоинот со двегодишен врв

bitcoins_1020_large

Цената на виртуелната валута биткоин се зголеми до највисоко ниво по речиси две години, а инвеститорите за тоа треба да и бидат благодарни на Кина, коментираат пазарни набљудувачи.

Како последица на силна побарувачката од Кина, во услови на поевтинувањето на јуанот, биткоинот достигна ниво од 546.80 долари на виртуелниот пазар „CoinDesk“. Така само за последниот еден месец егзотичната валута се зголеми за цели 21%, достигнувајќи највисоко ниво од август 2014-та година.

Малку подоцна денес биткоинот се тргува на ниво од околу 541 долари. Слабеењето на кинеската валута е главен фактор за поскапувањето на биткоинот, според Боби Ли, извршен директор на „BTTC“. Ли вели дека тргуваните количини се пет пати над просекот.

„Луѓето се плашат од тоа што кинеската централна банка ќе продолжи со оштетување на јуанот и затоа ги насочуваат средствата кон биткоинот. Покрај тоа, биткоинот е исклучително ликвидно средство“, вака Ли го објаснува поскапувањето на валутата.

vrv bitcoin 02

Кинеските берзи за тргување со виртуелната валута претставуваат околу 95% од тргуваните количини, според податоци на „CoinDesk“. Значи зголемените количини на трговија во Кина даваат своето влијание и на останатите пазари. Инвеститорите сепак не треба да заборават дека трговијата со биткоини е многу нестабилна.

Во 2013-та година виртуелната валута достигна рекордна вредност од 1.100 долари, по што брзо се обезвредни и во почетокот на 2015-та година се тргуваше на ниво од околу 180 долари. Следуваше враќање во цената на биткоинот – до ниво од околу 400 долари кон крајот на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП