22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските вложувачи претпазливи, нафтата стабилна, доларот под притисок

Азиските вложувачи претпазливи, нафтата стабилна, доларот под притисок

berzi 44

На азиските берзи денеска се тргува претпазливо, при што цените на акциите благо пораснаа, во очекување на извештајот за вработување во САД, што вообичаено значително влијае врз насоките на пазарите.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус 0,2 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Сингапур и Австралија пораснаа меѓу 0,2 и 0,7 отсто. Берзанските индекси во Шангај и во Јужна Кореја благо паднаа, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските беше во плус од 0,4 отсто. Доколку остане така до крајот на тргувањето, оваа седмица би можел да забележи раст од 0,3 отсто.

Азиските вложувачи се внимателни бидејќи во петокот попладне ќе биде објавен извештајот за вработувањето во САД, кој може значително да влијае врз пазарите бидејќи по тие податоци може да порасната или спласнат шпекулациите за зголемувањето на каматите на американска централна банка.

Доколку податоците бидат подобри отколку што се очекува, тоа би било сигнал дека американската централна банка може да ги зголеми каматните стапки веќе за некој месец, како што најавуваат низа нејзини челници. Но тоа би значело и дека американската економија закрепнува по забавувањето на растот во првиот квартал и дека е доволно цврсто да го издржи зголемувањето на каматите.

Доколку, пак, податоците бидат послаби од очекуваните, тоа би значело дека американската централна банка нема да брза со зголемувањето на каматите, но и дека растот на најголемата светска економија оди побавно отколку што се проценува.

Во моментов учесниците на пазарите на пари даваат само 20 отсто шанси дека американската централна банка ќе ги зголеми каматите веќе во јуни, а 60 отсто дека тоа ќе го стори во јули. Се смета, имено, дека челниците на банката ќе го почекаат референдумот за останувањето или излегувањето на Велика Британија од Европската унија, а дури потоа откако неизвесноста ќе биде отстранета од пазарите, ќе одлучуваат за каматите.

Поддршка на пазарите, пак, има ја дава стабилноста на цените на нафтата. Тие во четвртокот значително осцилираа по веста дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) не постигнала договор за намалување на производството, паднаа за околу 2 отсто. Но подоцна ги надоместија сите загуби, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од податокот за падот на резервите во САД.

Во петокот претпладнето на американскиот пазар цената на барелот стабилно се движи околу 49,20 долари, па од почетокот на седмицата е во загиба од 0,3 отсто. На лондонскиот пазар, пак, цената на барелот стабилно се движи над 50,10 долари, па е на пат од седмична добивка од 1,6 отсто.

А на валутните пазари курсот на американскиот долар во однос на јапонскиот јен и натаму е под притисок. Во петокот претпладнето се движи околу 108,60 јени, недалеку од најниската граница во последните две седмици, додека во четвртото во истиот период од денот изнесуваш 109,05 јени. Во однос на европската валута, пак, доларот зајакна, па цента на еврото се лизна од вчерашните 1,1205 на 1.1155 долари.

Челниците на Европската централна банка (ECB) порачаа по седницата која заврши во четвртокот вечерта дека продолжува благото закрепнување на економијата во еврозоната, па процените за растот во оваа година го заголемија од претходни 1,4 на 1,6 отсто. ECB благо ја зголеми и процената на инфлацијата за 2016 година, од 0,1 на 0,2 отсто, и не најави никакви нови мерки за поттикнување, освен дека ќе продолжи со имплементирање на претходно прифатените мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП