19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBundesbank ги намали прогнозите за инфлацијата и за растот на БДП-то во...

Bundesbank ги намали прогнозите за инфлацијата и за растот на БДП-то во Германија

bundesbank

Германската централна банка „Bundesbank“ ги намали прогнозите за растот на БДП-то во федералната република, јави „Ројтерс“. Аргументот е слабата побарувачка на производи за извоз дури и во позадина на стабилната потрошувачка и високата вработеност кои ќе ја одржуваат економијата во добра состојба.

Според централната банка, економијата на Германија ќе се зголеми за 1,7% во оваа година, што е под предвидувањата од декември за стандардниот 1,8 процентен раст. Во 2017-та година БДП-то ќе забележи раст од 1,4 отсто, наместо 1,7%. Во 2018-та година се очекува зголемување од 1,6 отсто. Во декември немало прогноза за 2018-та година.

Што се однесува до инфлацијата, „Bundesbank“ очекува 0,2% раст на потрошувачките цени во 2016-та година, 1,5% зголемување во 2017-та година и 1,7% во 2018-та година.

За споредба, претходната прогноза од декември предвидуваше 1,1% инфлација во 2016-та година и 2 отсто во 2017-та година.

Најголемата економија на еврозоната се промовира подобро во позадина на останатите земји членки во последните години. Компаниите извознички сепак беа принудени да се лишат од дел од пазарниот удел и тоа може да продолжи во оваа година и да се спротивстави на стабилните внатрешни фактори, наведува централната банка.

Сепак „Bundesbank“ наведува дека главните трендови во германската економија се позитивни и дека таа е поддржана од растот во вработувањето и приходите.

Релативно ниските цени на нафтата и зголемените трошоци за приемот на бегалци исто го поддржуваат растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП