18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHilton ja реструктуира корпоративната структура

Hilton ja реструктуира корпоративната структура

Specialist Trader John O'Hara (R) wears a Hilton branded bathrobe to celebrate Hilton's IPO, while working at his post on the floor of the New York Stock Exchange, December 13, 2013. REUTERS/Brendan McDermid

„Hilton Worldwide Holdings Inc.“ ги групира имотите во посебна компанија, соопштија од хотелскиот синџир, цитиран од „Bloomberg“.

Новата компанија ќе се вика „Park Hotels & Resorts“ и ќе биде втората најголема компанија во хотелската индустрија со која јавно се тргува, забележува новинската агенција.

Новоформираната компанија, во која ќе бидат префрлени повеќето од имотите на „Hilton“, се очекува да реализира профит пред даноци, такси, оштета и амортизација од околу 825 милиони долари за 2016-та година, се наведува во соопштението на хотелскиот синџир.

Агенцијата потсетува дека уште во февруари „Hilton“ објави дека ќе ги одвои имотите во посебна компанија. Така практично ќе бидат создадени вкупно три компании со кои јавно се тргува и со цел зголемување на вредноста за акционерите.

Трошоците за реструктуирање, кои ќе бидат еднократни, се очекува да изнесуваат вкупно 650 милиони долари. Од нив 200 милиони долари ќе бидат распределени како посебна дивиденда, а дополнителни исто 200 милиони долари – за даночни трошоци.

Главниот бизнис на хотелскиот синџир – управување и франшиза на хотели, ќе остане да постои под сегашното име. Акционерите во хотелскиот синџир ќе поседуваат удели и во трите компании по реструктуирањето, што се очекува да заврши кон крајот на годината.

Третата компанија – за имотите ќе се вика „Hilton Grand Vacations“, а се очекува оваа година да реализира профит во износ од 390 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП