29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите на „Ер Франс“ ќе штрајкуваат за време на ЕП

Пилотите на „Ер Франс“ ќе штрајкуваат за време на ЕП

piloti air france

Синдикатот на пилоти на авио-компанијата „Ер Франс“ ги повика членовите на одржување штрајк во првата недела од Европското првенство во фудбал, во знак на протест поради платите.

Штрајкот, како што се наведува во заедничкото соопштение на синдикатот, планиран е од 11-ти до 14-ти јуни, и би можел да биде продолжен доколку биде потребно, пренесуваат агенциите.

Европското фудбалско првенство стартува на 10-ти јуни во Париз и ќе трае до 10-ти јули.

На штрајк повикаа синдикатот „SNPL“, кој претставува повеќе од половината пилоти на „Ер Франс“, и синдикатот „SPAF“, кој претставува четвртина од пилотите.

Од „Ер Франс“ порачуваат дека четиридневниот штрајк доаѓа во моментот кога оваа авио-компанија се враќа на патеките на профит по осум години загуба, и дека штрајкот ја загрозува иднината на компанијата.

„„Ер Франс“ се уште е слаб, поради што ни е потребно ветување од сите вработени дека ќе осигураат раст на компанијата“, се наведува во соопштението на „Ер Франс“.

Штрајкот е договорен по повеќенеделните протести ширум земјата против реформите во работничките права, поради што беа блокирани рафинерии, предизвикувајќи недостаток на гориво, и го поремети возниот ред на возовите.

„Ер Франс во септември 2014-та година изгуби преку 400 милиони евра во текот на 15-дневниот штрајк на пилотите против планот на компанијата да се потпира нискобуџетната подружница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП