25 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтерес за акциите на Макпетрол

Интерес за акциите на Макпетрол

makpetro

Во текот на вчерашниот трговски ден на Македонската берза зголемен обем на тргување имаше со акцијата на Макпетрол АД, при што се истргуваа 38 лотови по цена од 17.500 денари.

Сепак на прво место по прометот беше акцијата на Просветно дело (ПРОД), која инаку е крајно неликвидна, со количество од 371 лот по цена од 2.000 денари.

Вкупениот промет изнесуваше 2,62 милиони денари реализиран преку 34 трансакции и истргувани вкупно 3.187 лотови.

На листата на добитници најголем раст оствари акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со просечна цена од 2.211,77 денари и раст од 0,43 проценти. Наспроти неа на листата на губитници на денот прво рангирана беше акцијата на Аутомакедонија со истргувани 50 акции, пад од 13,28 отсто.

По неа следеа акциите на Охридска банка АД Скопје со пад од 2,21 отсто и Стопанска банка АД Скопје со пад од 2,12 отсто.

МБИ-10 забележа пад од 0,33 отсто и заврши на 1.701,46 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ падна за 0,49 отсто и заврши со вредност од 126,38.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП