ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне времен прекин на сообраќајот кај Пресека

Попладне времен прекин на сообраќајот кај Пресека

presek

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради изведување градежни работи на пат (минирање), во петок, сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, кај Пресека и с.Врбјани, ќе биде во прекин од 12 до 14ч. во времетраење од 10 до 15 минути.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП