18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на министерот Кучи со првиот човек на Македонско-бугарската стопанска комора

Средба на министерот Кучи со првиот човек на Македонско-бугарската стопанска комора

zore kuci2

Министерот за економија Дритон Кучи денеска оствари средба со претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски.

На средбата се разговараше за продлабочувањето на деловната соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Двајцата соговорници разменија идеи околу можностите за подобрување на патното поврзување помеѓу двете земји.

Министерот Кучи истакна дека Министерството за економија ќе продолжи со поддршката што ја дава на оваа и на сите други стопански комори во Македонија, особено околу реализација на проектите кои се од заеднички интерес на двете земји, а се во рамки на активностите на македонско-бугарската комора.

Македонија и Бугарија, како две соседни земји континуирано негуваат пријателски односи, а на економски план се бележи континуирано зголемување на обемот на економска соработка, меѓугранични проекти и поддршка во стратешки проекти за инфраструктурно поврзување, како што е поврзувањето со автопат и железничка пруга.

Двете страни се согласни со потребата од проширување на економската соработка во повеќе сегменти, а за тоа е неопходно подобрување на патната инфраструктура за што и Македонија и Бугарија прават напори да се изнајдат средства за изградба на нов автопат што би придонело за зголемување на трговската размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП