19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежната активност во Велика Британија се забавува во мај

Градежната активност во Велика Британија се забавува во мај

gradeznic3

Градежните компании во Велика Британија во мај поминале низ уште еден тежок месец. Растот во секторот се забавува до најслабото ниво од пред речиси три години, се наведува во извештајот на приватната истражувачка компанија „Markit“.

Индексот на менаџерите на договорите (PMI) во секторот се намалува од 52 поени во април до 51,2 поени во мај, што е под очекувањата за вредност од 51,9 и малку над критичното ниво од 50 поени. Вредностите под границата од 50 поени индицираат намалување во секторот, а над 50 поени – проширување.

Испитаниците наведуваат дека целокупното одложување на пазарот и доцнењето на клиентите при донесувањето на одлуки се објаснуваат со референдумот за еврочленството кој ќе се одржи на 23-ти јуни.

Сепак постојат сигнали дека градежните компании остануваат релативно оптимистички расположени за можностите за раст. Повеќе од половина од испитаниците очекуваат зголемување на обемот на работа во текот на следната година, а само 14% очекуваат пад.

Како резултат на тоа создавање на работни места во мај се забрзува и достигнува врв.

Домувањето се зголемува, но со едно од најслабите темпа од почетокот на 2013-та година. Растот во областа на бизнис имотите е најслабиот од пред речиси три години.

Општо земено испитаниците соопштија за недостаток на доверба меѓу корисниците, испровоцирани од несигурноста пред референдумот. Физичките и правните лица пројавуваат несигурност да направат нарачки и да потпишуваат договори пред гласањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП