26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFXLider со демант по објавата на НБРМ за тргување со хартии од...

FXLider со демант по објавата на НБРМ за тргување со хартии од вредност

fx

FXLider е филијала на Fortrade LTD, овластен и регулиран брокер во Велика Британија. FXLider e под надзор на Financial Conduct Authority (FCA), со број на лиценца/дозвола 609970.

Од компанијата велат дека македонските граѓани инвестираат во финансиски инструменти на меѓународниот финансиски пазар, преку Fortrade како брокер со дозвола и под надзор на FCA- Велика Британија.

Од таму велат: “FXLider ги обезбедува услугите за поддршка на Македонските граѓани веќе неколку години, врз основа на јасното легално мислење и одредбата на Законот. Согласно со одредбите од став 1,2 и 3 на членот 14 во Законот за девизно тргување, овозможено е:

“ Резидентите може да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство, само преку овластен учесник на пазарот на хартии од вредност (во понатамошниот текст: овластен учесник),или преку овластен учесник на странската берза или организиран пазар на хартии од вредност.

Овластениот учесник е должен редовно да доставува извештаи до Народната Банка на Република Македонија за сите вложувања на резидентите во хартии од вредност во странство, како и за модификациите на овие вложувања, вклучувајќи ја и нивната продажба.

Ако резидентот е претплатник, плаќа или тргува со хартии од вредност во странство, преку овластен учесник на пазарот од хартии на вредност или организиран пазар на хартии од вредност, од него се бара да го достави извештајот од ставот 2 на овој член до Народната Банка на Република Македонија.”

Веруваме дека Народната Банка на Република Македонија го пропушила фактот дека клиентите на FXLider тргуваат со брокер со лиценца/дозвола во ЕУ, која целосно е согласна со Одредбата во ставот 1, на член 14., велат од компанијата.

“Ја поддржуваме Народната Банка на Република Македонија да продолжи со своите напори за спречување на  нелегалното тргување со нерегуларни брокери, но тоа овој пат не е таков случај”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП