2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе очекува поскапување на нафтата во втората половина од 2016-та

Се очекува поскапување на нафтата во втората половина од 2016-та

nafta-pari-mari

Заменик ирачкиот министер за нафта Фајад ал Нема изјави денес дека очекува цената на барелот нафта да порасне на 55 до 65 долари за барел во втората половина од годината.

Тој им се обрати на новинарите во Виена, каде се одржува состанокот на членките на ОПЕК.

Цената на барелот нафта денес е нешто помала од 50 долари.

Кувајтскиот министер за одбрана Анас ал Салех изјави дека цената од 50 до 60 долари за барел била задоволувачка.

Салех изјави пред новинарите дека стратегијата на ОПЕК функционира и дека организацијата ќе се потруди тоа така да остане и во иднина.

Министерот за нафта на Обединетите Арапски Емирати Сухаил бин Мухамед ал Мазруи изјави дека очекува поскапување на нафтата во втората половина од годината.

Тој изјави дека е потребно на пазарот да се постигне цена на барелот која би обезбедувала одржливи инвестиции во овој сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП