26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Виктор Устијаноски, сопственик на Укион

Интервју со Виктор Устијаноски, сопственик на Укион

ukion1

УКИОН ДООЕЛ е интернет ориентирана компанија основана со визија да понуди едноставност во интернет работењето.

1. Кои се услугите кои ги нуди Укион?

Нашето работење покрива комплетни интернет услуги од: регистрација на домени, бизнис хостинг, SSL сигурносни сертификати, развој и изработка на едноставни и комплексни веб страни, веб апликации, custom (по мерка) и месечни веб продавници и интернет маркетинг.

Вистински тренд и потреба за сите бизниси се UKION SHOPS интернет продавниците со месечна претплата (www.ukion.mk), достапни веќе од 1240 денари / месечно + 18% ДДВ, со договор од 12 и 24 месеци, кои се добиваат по систем “клуч на рака” (се вклучено во цена), поврзани со сопствена сметка во банка, се активираат брзо и лесно и овозможуваат секоја компанија со леснотија да активира и управува своја интернет продавница.

2. Што Ве мотивираше да започнете бизнис во оваа област?

Претприемачкиот дух и сонот за изградба на голема компанија од светски размери. Покрај моето образование, Дипломиран економист на Департман Менаџмент – Економскиот факултет во Скопје, од секогаш сум се восхитувал на претприемачи кои успеале да развијат глобално познати корпорации, па логично беше да го следам својот сон и да основам сопствена ИТ компанија. Дури и името на компанијата е избрано во таа насока: Устијаноски ON (стартува или започнува) со што го добивме името УКИОН кое се надевам ќе прерасне во препознатлив и глобален ИТ бренд.

ukion

3. На пазарот сте од 2009 година, со какви предизвици се соочивте во досегашното работење?

Секој мал бизнис се соочува со голем број предизвици и проблеми од најразлична природа, во прилог ќе ги наведам најзначајните за кои се надевам ќе им помогнам на новите бизниси полесно да ги препознаат и соочат со истите.

– Административни и финансиски предизвици – На секој бизнис им е потребен константен финансиски прилив за раст. Ненавремена наплата или нецелосна наплата ги нарушува планираните можности за развој. Растот и развојот е клучен фактор за конкурентската одржливост. Во тој случај флексибилноста е клучна за брза и ефикасна трансформација на компанијата и потрага по клиенти кои ќе носат одржлив развој за бизнисот на долг рок.

– Менаџирање на Време – Времето е премногу значаен ресурс на малите бизниси и неговото менаџирање е клучно за успехот на компанијата. Сопственикот на малиот бизнис на почетокот е инволвиран во секој сегмент од работењето. Најчесто се случува сопственикот да работи и повеќе од 16 часа на ден за да може да ги исполни сите обврски, при што со тек на време бизнисот станува зависен од самиот сопственик и се се сведува на извршување на тековни обврски без планирање и проекција на растот на компанијата. Понатаму, секое подолго отсуство на сопственикот значи нарушување на бизнисот и затоа е потребно градење на тим или користење на надворешни соработници за да може сопственикот да се насочи кон остварување на стратешките цели на компанијата.

– Одржлива конкурентност – Сопствениците на мали бизниси најчесто се толку зафатени, што со тек на време забораваат да останат во чекор со она што е ново и актуелно во нивниот сектор. Затоа малиот бизнис треба постојано да ги следи сите трендови и да ги подобрува нивните производи и услуги за да може да ја одржи конкурентноста и со самото тоа растот и развојот на својата компанија.

– Маркетинг и промоција – Било да се работи за нов бизнис или продолжување на тековниот, бизнисот мора постојано да се промовира. Промоцијата и маркетингот може значајно да влијаат на вашиот буџет но истите се неопходни за запознавање и креирање на доверба на клиентите за вашите производи, а со тоа и раст и развој на вашиот бизнис.

4. Портфолиото на услуги и производи кои ги нудите е големо. Кој од производите/услугите најлесно успеавте да го развиете?

Непостои лесен начин за развој на производ и услуга. При развојот на нашите производи и услуги секогаш тргнуваме од нашата визија и мисија, да понудиме едноставност во интернет работењето и да вложуваме и развиваме производи и услуги кои ќе го забрзаат остварувањето на бизнис целите на нашите клиенти, а со тоа да обезбедеме раст и значајна нова вредност за – нашите клиенти, УКИОН и економијата во целост.

ukion2

5. Која е вашата препорака до бизнисите кои размислуваат за интернет продажба?

Сопствениците на малите бизниси имаат сериозно лоша навика се да изработуваат сами. Ова е невитален дел од малиот бизнис посебно во почетокот на работењето на компанијата кој одзема значаен ресурс – време. Навидум се изгледа лесно и едноставно, додека не заглавите во лавиринт од проблеми за кои ќе ви треба премногу време или стручна помош да ги решите. Времето е премногу вреден ресурс во бизнисот и иако за професионалец би платиле одредена сума пари, вас ви останува времето за она што го знаете најдобро, а тоа е развој и проширување на вашиот бизнис без дополнителни дистракции.
За разлика од малите бизниси, на средните и големите компании им се нуди можност со помали трошоци и вложувања и за многу кратко време да започнат интернет бизнис и да ја зголемат нивната продажба и приходи.

Денес, интернет продавница во Македонија може да поседувате веќе од 1240 денари / месечно + ДДВ – www.ukion.mk и доколку го споредите тој трошок со отворање на физичка продавница или со пропуштената можност (опортунитетен трошок) за унапредување на вашиот бизнис секако дека ќе се определите за платено и ефикасно UKION SHOPS решение.

6. Вашите простории во Скопје во моментов се во Seavus инкубаторот, какво е вашето искуство од работата во овие простории?

Seavus Инкубаторот е место каде што се генерираат идеи, каде може да се расте, каде можете да соработувате со млади претприемачи и да добиете значајно искуство и насоки од експертите од ИТ гигантот Seavus.

Покрај канцеларија во Охрид, УКИОН од неодамна ја прошири својата дејност со отворање на канцеларија во Скопје. Прв избор ни беше инкубаторот на Seavus бидејќи е неспоредливо подобар од останатите во поглед на искуството, техничката опременост и потенцијалите кој што ги нуди за развој на мал бизнис. Се надеваме дека ќе позитивното искуство и соработка со Seavus ќе продолжи и понатаму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП