22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит вложувачите претпазливи поради нејасните показатели

На Волстрит вложувачите претпазливи поради нејасните показатели

wall street

На Волстрит во средата се тргуваше претпазливо, бидејќи податоците од најголемите светски економии не се поттикнувачки, па берзанските индекси останаа речиси непроменети.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,01 отсто, на 17.788 поени, додека S&P 500 порасна за 0,11 отсто, на 2.099 поени, а Nasdaq индексот за 0,08 отсто, на 4.952 индексни поени.

Во седум од десетте сектори на S&P 500 индексот цените на акциите во средата благо пораснаа, при што здравствениот сектор зајакна шест ден по ред. Од друга страна, пак, најмногу паднаа цените во телекомуникацискиот сектор.

Вложувачите беа воздржани поради тоа што најновите податоци покажаа дека производствената активност во најголемите светски економии, од Кина преку Европа до САД, и натаму е слаба. Покрај тоа, многумина не се подготвени да ги менуваат позициите пред извештајот за вработеноста во САД, кој ќе биде објавен во петок и кој обично значително влијае на насоките на пазарите, бидејќи тоа може да влијае на одлуката на американската централна банка за каматните стапки.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека во мај во САД се отворени околу 170.000 нови работни места, малку повеќе отколку во април. Се проценува, исто така, дека надоместокот за час работа пораснала за 0,2 отсто.

Доколку податоците бидат подобри отколку што се очекува, тоа би било сигнал дека американската централна банка навистина би можела да ги зголеми клучните каматни стапки само по неколку месеци, како што тоа го најавуваат повеќе нејзини функционери. Меѓутоа, тоа би значело и дека американската економија закрепнува по забавувањето на растот во првиот годинешен квартал и дека е доволно цврсто да ги издржи зголемените камати.

Доколку, пак, податоците бидат послаби од очекуваните, тоа би значело дека банката нема да брза со зголемувањето на клучните каматни стапки, но и дека продолжува слабоста на најголемата според обемот светска економија.

На претпазливоста на инвеститорите укажува и потпросечниот обем на тргувањето. На американските берзи сопствениците во средата ги заменија 6,5 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 7 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП