23 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие знаци ќе ви покажат дали трошите премногу

Овие знаци ќе ви покажат дали трошите премногу

Isolated of hands taking out cash to spend

Најдобриот доказ дека живеете над своите можности е она кога расходите ви стануваат поголеми од приходите.

Тоа предизвикува големи проблеми во водењето на финансиите и планирањето. За жал, на многумина таквиот скап животен стил им се случува сосема несвесно, а ова според пишувањето на „Business Insider“, се некои од знаците дека трошите премногу:

Мислите дека не треба да штедите

Веројатно најголемиот знак дека живеете над своите можности е отфрлувањето на идејата за штедење на парите. Иако мислите дека е невозможно или непотребно да штедите, би требало да се освестите и конечно да почнете да штедите. За почеток може тоа да биде и минимален износ.

Не ги користите попустите

Во време кога буквално на секој агол се наоѓа попуст за одреден производ, постојат луѓе кои свесно ја плаќаат целата цена на бараната стока. Кога би купувале производи кои се „на акција“, месечно би можеле солидно да заштедите.

Досадно ви е

Кога се досадувате дома, па сте посетиле некоја продавница, тоа често може да предизвика беспотребно трошење на пари. Иако постои тврдење дека шопингот ја победува депресијата, тоа долгорочно ве води кон финансиска пропаст.

Зависност од купување

Иако секој сака нови работи, честото купување на нови работи може да ви создаде зависност која подоцна тешко ќе ја промените. Во овој случај најважна е самодисциплината, а во потешки ситуации треба да побарате и професионална помош.

Користење на картички

Иако картичките можат да ви го олеснат купувањето, претераното злоупотребување на картичките може да предизвика големи проблеми кога сметките ќе дојдат на ред за наплата. Затоа секој пат кога ја вадите картичката од паричникот би требало да размислите дали тој производ ви е неопходен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП