29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКвадрат на Јадранот за помалку од 500 евра - Можно е!

Квадрат на Јадранот за помалку од 500 евра – Можно е!

1870111263574f0f02c5334728124632_w640

Сењ е еден од градовите во кои може да се најдат добри шанси за купување.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, според податоцитете на еден портал за оглaсување во тој град, во текот на април околу 30 проценти од огласените станови имале цена за квадрат пониска од 1000 евра. Во центарот на Сењ е огласен стан чија цена изнесува дури околу 350 евра по метар квадратен. Се работи за стан со површина од околу 115 квадрати, кој се продавал по цена од 40 000 евра.

Купувањето на недвижнини на Јандранот на многумина им се чини како невозможна мисија. Прчинината за тоа е што често високите цени се карактеристични за тие подрачја, па бројни граѓани можат само да сонуваат за сопствени „квадрати“ на море.

Исклучоци има, па во одделни градови ширум хрватската обала може да се најдат станови чии цени се пониски од 500 евра по метар квадратен.

Становите кои се продаваат така поволно имаат некои заеднички обележја: на некои им е потребно реновирање, некои се сместени на поткровјето или се работи за продажба на кат од семејна куќа.

Освен ниските цени и добра локација, заеднички карактеристики на овие станови се старите градби и неопходноста од адаптација, па додатните вложувања се реално сценарио.

За куќи и станови со голема површина, поради големите суми на пари, вообичаено е цената на квадратот да е пониска од просечната. Во Риека се продаваат неколку станови чија цена изнесува околу 500 евра по метар квадратен. Во тие случаи се работи за продажба на кат на семејна куќа, големи станови со површина од преку 100 квадрати или за станови кои се наоѓаат на поткровјето.

Притиснати од теретот на кредити многу сопственици се принудени да ги продаваат своите недвижнини под пазарната вредност.

Во Задар се продавал стан со поглед на море, со површина од 81 метар квадратен, по цена од дури 47.000 евра, односно само 580 евра по квадрат, а кредитот во швајцарски франци се наведувал како причина за продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП