5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрни прогнози: Важноста на ЕУ значително ќе опадне

Црни прогнози: Важноста на ЕУ значително ќе опадне

eu-britanija

Германскиот вицеканцелар Зигман Габријел предупреди на сериозна економска и политичка штета доколку Британија ја напушти Европската унија по референдумот за членството.

„Важноста на Европската унија, но и довербата во единството и постојаноста на Унија, драстично ќе опадне“, изјави германскиот вицеканцелар, кој исто така е и министер за економија, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Економските ефекти од потенцијалниот Брегзит, како што оцени, ќе бидат сериозни како за Британија така и за ЕУ, но политичката штета ќе биде уште поголема, укажа тој.

„Европа ќе биде сфатена помалку озбилно“, изјави Габријел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП