3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе предвидува масовна консолидација во сегментот на комерцијални области во Европа

Се предвидува масовна консолидација во сегментот на комерцијални области во Европа

paza333

Минимум 10 отсто од трговските површини во Европа ќе исчезнат до 2030-та година, прогнозираат од консултантската компанија „Catella“, цитирана од онлајн изданието „property-magazine.eu“.

Главната причина за очекуваната консолидација на пазарот на комерцијални недвижности е промената во начинот на шопинг поради експанзијата на онлајн трговијата и промените во синџирот на снабдување, наведува компанијата.

„Не можеме да одречеме дека технолошките иновации и демографските промени ќе ја трансформираат побарувачката и ќе доведат до намалување на вкупниот обем на комерцијални области. Ситуацијата се уште не е многу јасна“, вели д-р Томас Бејрли, кој ја предводи единицата за студии во компанијата.

Структурните промени во трговскиот сегмент ќе предизвикаат промена во условите на трговците кон локацијата, што ќе значи дека треба да се работи и на нови концепти за објектите.

Пред најголем ризик се соочат развиените пазари со значителен удел на трговијата и релативно ниска продуктивност. Меѓу нив се Германија, каде вкупниот обем комерцијални области изнесува 1,5 милиони м2, Холандија (со над 1,6 милиони м2) и Австрија – со над 1,7 милиони м2.

Според компанијата до 2030-та година, вкупниот обем на трговските површини во Европа ќе достигнува од 510 милиони м2 до 550 милиони м2, што претставува намалување од околу 10 отсто во однос на сегашните количини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП