19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акциите на Скопски пазар АД Скопје

Блок трансакција со акциите на Скопски пазар АД Скопје

berza-makedonija-makedonska-berzi

Тргувањето на Македонската берза за хартии од вредност во средата го одбележа блок трансакцијата со акциите на Скопски пазар.

Вкупно беше истргувано колочество од 337 акции по цена од 9.036 денари. Вкупен промет на трансакцијата изнесуваше 3.045.132 денари.

Исто така, интересно беше и тргувањето со акциите на Македонската берза, после вчерашната блок трансакција, денес повторно имаше промет, и тоа количество од 50 лотови по цена од 37.336 денари.

Останатите хартии од вредност кои беа тргувани на пазарот денес остварија промет од околу 5,3 милиони денари. Најголем пад на вредноста од -3,08 отсто со истргувани 60 акции по просечна цена од 2.250,83 денари забележа акцијата на Охридска банка АД Скопје, а по неа следеа акциите на Бетон АД Скопје со пад од -2,99 проценти и Комерцијална банка АД Скопје со пад -1,68 отсто.

Наспроти нив најголем раст од 5,37 отсто бележеше акцијата на Топлификација со просечна цена од 549 денари за акција и истргувана количина од 60 акции.

Обврзниците за денационализација денес комплетно изостанаа од дневната листа, и со нив не беше склучена ниту една трансакција. Индексот МБИ-10 денот го заврши со незначителна промена, пад од 0,23 отсто, и изнесуваше 1.707,13 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП