24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот енергетски сектор стапува во штрајк

Францускиот енергетски сектор стапува во штрајк

франција-штрајк

Францускиот синдикат CGT одлучи во среда да започне штрајк во сите 19 француски нуклеарни централи, како дел од националните протести чија цел е да се принуди владата да ја повлече реформата на законот за работа.

„Сите постројки на кои се произведува енергија одлучија да започнат штрајк во четврток. Сите 19 нуклеарни централи го изгласаа штрајкот. Ќе започнеме со прекини во испораката на електрична енергија вечерва од 21 часот“, рече Лорен Ланглард, претставник на синдикатот CGT во електраната EDF.

Вработените во железничкиот сектор запреа во среда дел од француските возови, а пилотите штрајкот го најавија за следната недела, што ќе се поклопи со првите денови на Европското првенство во фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП