15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД бара итни мерки за поттикнување на економскиот раст

ОЕЦД бара итни мерки за поттикнување на економскиот раст

OECDf45tfg56ty56y67u

Владите мораат да ги употребат сите расположливи инструменти за да ја извлечат светската економија од калта на ниската стапка на раст, порача во среда во најновиот извештај Организацијата за економска соработка и развој(ОЕЦД).

Во најновите глобални економски прогнози, организацијата со седиште во Париз ги потврди проекциите за раст за глобалната економија во оваа и следната година од три, односно 3,3 отсто.

„Што подолго глобалната економија е заглавена во слаб економски раст, така владите потешко ќе ги исполнат основните ветувања“, рече Кетрин Ман, главен економист на ОЕЦД.

„Последиците од непреземањето мерки ќе бидат слабите шанси на денешните млади за пронаоѓање на пристојна работа, откако што веќе силно пропатија во актуелната криза, како и пониски пензии за идните пензионери“, предупреди Ман.

Иако ги задржа проекциите за глобалната економија во целост, ОЕЦД ги намали проценките за раст за американската економија на 1,8 отсто, од претходно прогнозираните два отсто. Проценката за следната година е потврдена на 2,2 отсто.

За економиите на земјите во еврозоната е подобрена овогодишната прогноза, на 1,6 отсто, од претходно проектираните 1,4 отсто. За следната година прогнозата останува непроменета и изнесува 1,7 отсто.

Од ОЕЦД предупредуваат дека изгласувањето за излегување на Велика Британија од Европската унија(ЕУ) би предизвикало негативни економски последици за Обединетото кралство, останатите европски земји и остатокот на светот.

Според оваа организација, до 2030 година, во случај на излез од ЕУ, британскиот БДП би можел да биде повеќе од пет отсто помал, ако земјата остане во Унијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП