26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата лизнаа кон 49 долари под притисокот на податоците од...

Цените на нафтата лизнаа кон 49 долари под притисокот на податоците од Кина

ilo

Цените на нафтата се лизнаа во средата на меѓународните пазари кон нивото од 49 долари, притисната од загриженоста за побарувачката имајќи ги предвид слабите податоци од Кина, а дополнителниот товар се и очекувањата дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) нема да ја менува политиката на производството на претстојниот состанок.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 70 центи во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 49,19 долари за барел. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 74 центи пониска цена од вторникот, од 48,36 долари.

На страната на побарувачката трговците се загрижени дека најновите официјални податоци од Кина, кои покажаа речиси стагнација на активностите во кинеската индустрија во мај. Сличното истражување на институтот Markit за кинеската индустрија, пак, покажа пад на активностите 15-ти месец со ред.

Задушеноста на кинеските пристаништа и претстојните сезонски работи на одржување во рафинериите, исто така, ќе го закочат извозот на сировата нафта во следните месеци, сметаат анкетираните аналитичари во истражувањето на BMI институтот.

На страната на понуда доминираат очекувањата дека членките на OPEC на состанокот во четвртокот ќе го потврдат фокусот на зачувувањето на пазарниот удел, на штета на поддршката на цените. Донекаде таа загриженост ги придуши настојувањата на поединечните членки од Персискиот залив, вклучително и Саудиска Арабија, да ја заживеат иницијативата за координирано зауздување на производството, како што за Reuters тврди неименуван извор од OPEC.

Иран веќе порача дека не е подготвен за таков договор, па според процените на аналитичарите поголеми се шансите дека блискоисточните производители и натаму ќе се фокусираат на одбрана на пазарниот удел наместа да ги поддржат цените со намалување на производството.

Во агресивната битка за уделите на пазарите многу производители од Блискиот исток веќе ги зголемија испораките во Азија. Во таквата ситуација повеќето трговци очекуваат само ограничен раст на цените во втората половина на годината, покажува истражувањето на Reuters.

Одвоено OPEC објави дека референтната цена на барелот негова кошничка нафта во вторникот изнесувала 45,15 долари, што значи дека пораснала за 35 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП