28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Граѓаните и останатите правни лица немаат право да тргуваат со хартии...

НБРМ: Граѓаните и останатите правни лица немаат право да тргуваат со хартии од вредност во странство

cvcvc

Народната банка регира на повикот за дводневен настан под називот ‘FXLider Настан’ од страна на FXLider, којшто како што стои  “…ќе биде фокусиран на едукација како на искусни трејдери, така и на почетници, кои се заинтересирани за тргување и заработка на светскиот финансиски пазар”. Во понатамошната објава се потенцира дека “…целта на FXLider настаните… запознавање и едуцирање на јавноста за овој алтернативен начин на заработувачка”.

Народната банка укажува на јавноста дека согласно Член 14 од Законот за девизно работење единствено овластените банки, Фондот за осигурување на депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестиционите фондови, имаат право да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство. Граѓаните и останатите правни лица немаат право да тргуваат со хартии од вредност во странство, освен преку СЕЕ линк  на загрепската и софиската берза на хартии од вредност. Воедно, начинот на тргување кој го нуди FXLider бара високо ниво на експертиза и е ризично за самите овластени професионални учесници на меѓународните финансиски пазари, а уште повеќе за пошироката јавност.

Со тоа, Народната банка остро реагира на секаков вид на вакви јавни повици за незаконско делување на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП