3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКози, топлес ангели и 600 танчери на отворањето на „Готард“ тунелот

Кози, топлес ангели и 600 танчери на отворањето на „Готард“ тунелот

tunel3884

Првите возови поминаа низ 57 километри долгиот тунел „Готард“ под швајцарските Алпи, а тоа беше проследено со спектакуларна церемонија за отворање, што го зачуди светот на повеќе начини, пишуваат швајцарските медиуми.

Околу 600 актери, музичари, свирачи на алпски рогови, хорови и швајцарскиот армиски бенд изведоа донекаде бизарна церемонија во Рајнахт на северениот крај на тунелот, дополнето со луѓе облечени како ангели, козорог и танчери облечени во работнички одела, како на оние кои работеа на изградбата на тунелот.

Перформансот кој требаше да ја претставува швајцарската алпска култура, ги остави светските медиуми, од кои 300 беа присутни на отворањето, подзинати.

Инаугурацијата почна со симултани говори на двата краја на тунелот, од швајцарскиот претседател Јохан Шнајдер-Аман и министерот за транспорт Дорис Летард.

„Ова е голем ден за Швајцарија и за Европа“, рече Шнајдер – Аман пред да почне спектаклот пред 1.000 гости, меѓу кои и лидерите на Франција, Германија и Италија.

Дел од гледачите, жители на Швајцарија, се извинуваат по социјалните мрежи за срамот кој им е нанесен со бизарната претстава при отворањето, а дел само постираат фотографии со коментари ова се случува на отворањето на тунелот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП