Царинската управа на Република Македонија денеска го одбележува Денот на царината – 14 Април.
По тој повод Царинската управа традиционално организира свечена церемонија на која ќе ги презентира активностите во изминатата 2012 година, ќе промовира снимена емисија за деца на тема „Царина“, а на соработниците ќе им врачи плакети за успешна соработка со Царинската управа.