13 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit започнува со работа во Шпанија

UniCredit започнува со работа во Шпанија

2044477609573437603b446119057858_w640

Банката UniCredit денес соопшти дека започнува со работа во Шпанија, со што ќе го зајакне присуството во Европа каде е втор најголем кредитор на економијата.

Како што се наведува, целта на банката е да стане лидер во корпоративното и инвестициското банкарство меѓу Шпанија и клучните банкарски пазари како што се Италија, Германија, Австрија и централна и источна Европа.

Извозот на Шпанија на тие пазари изнеусвал 77 милијарди евра во 2015 година, a тоа сочинува 30 проценти од вкупниот извоз на таа земја.

„UniCredit“ е најголема меѓународна банкарска мрежа во регионот на централна и источна Европа, работи во 16 земји, а има повеќе од 141.000 вработени и приближно 7.800 експозитури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП