13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБесплатен театар во Прилеп, во пресрет на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Бесплатен театар во Прилеп, во пресрет на фестивалот „Војдан Чернодрински“

teatar

Во пресрет на новото 51 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а со цел да се подгрее атмосферата за театар кај публиката, театарот „Војдан Чернодрински“, ја организира веќе традиционалната манифестација Недела на бесплатен театар.

Од четврток до недела ќе бидат прикажани бесплатно четири претстави.

Бесплатниот теaтар почнува со „Обѕрни се во гнев“ во режија на Кристина Димитрова, за студентите, во петок е „Ајнштајновите соништа“, во режија на Слободан Унковски, во сабота трагикомедијата „Хамлет од Горно Дупени“, режија Кирил Петрески и во недела претставата за деца „Како се станува цар“.

Заинтересираните љубители на театарот бесплатните влезници ќе можат да ги подигнуваат два часа пред почеток на претставите од билетарницата на театарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП