6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазна за Норвешка - Ryanair укинува 50% од летовите

Казна за Норвешка – Ryanair укинува 50% од летовите

ryanair-avion-l

Ирската нискобуџетна авио-компанија „Ryanair“ објави дека ќе затвори една од своите бази во Норвешка во знак на протест поради воведувањето на новиот данок во таа земја.

„Базата во Осло ќе биде затворена во октромври“, изјави главниот комерцијален директор на „Ryanair“ Дејвид О`Брајан пред новинарите по денешното стапување на сила на новиот данок за патниците.

„Oваа одлука значи дека летовите кон 16 дестинации ќе бидат укинати, што е речиси намалување на авио-сообраќајот на компанијата во Норвешка за 50 проценти“, се наведува во соопштението на компанијата.

Затворањето на базата на „Ryanair“ на аеродромот Рига во Осло, како што предупредија менаџерите на аеродромот, ќе предизвика и самозатворање на аеродромот, затоа што „Ryanair“ беше задолжен за повеќето летови.

„Доколку тоа се случи, 1.000 луѓе ќе останат без работа“, предупредува менаџментот.

Од „Ryanair“, меѓутоа, порачуваат дека се уште постои шанса.

„Доколку данокот биде укинат, нема да ја затвориме базата и повторно ќе го отвориме во зависност од тоа кога одлуката ќе биде донесена“, вели О`Брајан.

Норвешката влада, сепак, ги одби барањата на „Ryanair“.

„Нема да дозволам со моите одлуки да диктира „Ryanair““, порача премиерот на Норвешка, Ерна Солберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП