2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2 големи замки кои му се закануваат на целиот свет

2 големи замки кои му се закануваат на целиот свет

81113023574eb3a108cfb097222489_w640

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) изрази песимизам поради состојбата на светската економија и предупреди на „замката на низок раст“.

Државите се во опасност од овие замки ако владите на земјите ширум светот не ја променат праксата во потрошувачката и трговијата.

Еден од ризиците за светската економија е излезот на Велика Британија од Европската унија.

ОЕЦД во новиот економски извештај наведе дека одлуката на референдумот овој месец Британија да излезе од ЕУ „значително ќе го намали растот во Европа и на други места“.

Зголемувањето на бројот на мигранти во Европа и отсуството на одговори исто така и се заканува на глобалната финансиска стабилност, се наведува во извештајот.

ОЕЦД предвидува раст на светската економија од 3 проценти оваа година и 3,3 проценти во наредната година, што и во двата случаи е за 0,3 проценти помалку отколку во претходната проекција направена во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП