10 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит пад на Dow Jones и S&P 500, раст на Nasdaq

На Волстрит пад на Dow Jones и S&P 500, раст на Nasdaq

wallstreet33399

На Волстрит во вторникот индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа поради падот на цените на нафтата, а меѓу наголемите губитници беше енергетскиот сектор.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,48 отсто, на 17.787 поени, а индексот S&P 500 за 0,10 проценти, на 2.096 поени, додека Nasdaq индексот зајакна за 0,29 отсто, на 4.948 индексни поени.

Под најголем притисок во вторникот беа акциите во енергетскиот сектор, кои во просек паднаа за речиси 0,6 отсто, што е последица на падот на цените на нафтата. Цените на „црното злато“ во последно време растеа благодарејќи на намаленото производство во Канада и во Нигерија, но вчера на американскиот пазар паднаа за околу 0,4 отсто, бидејќи понудата и натаму е поголема од побарувачката.

Вложувачите се претпазливи поради тоа што е сé поверојатно дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) за некој месец ќе ги зголеми клучните каматни стапки, имајќи предвид дека американската економија закрепнува по забавувањето на растот во првиот годинешен квартал. Натамошното зголемување на каматите, по она од ланскиот декември, би ја намалило ликвидноста на пазарите на акциите, но од друга страна, според аналитичарите, зголемувањето на каматите би претставувало потврда дека економската ситуација се подобрува.

На почетокот од годинава цените на акциите на Волстрит остро паднаа, поради падот на цените на нафтата на најниските нивоа во последните 12 години и забавувањето на растот на кинеската економија, но од половината на февруари следеше закрепнување.

Така, во мај S&P 500 порасна за 1,15 отсто, зајакнувајќи трет месец по ред, па сега во однос на почетокот од годинава е во плус повеќе од 2 отсто. Индексот Nasdaq порасна, пак, во целиот изминат месец за 3,6 отсто, а порасна и Doq Jones, и тоа четврти месец по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП