4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворање на најдолгиот тунел на светот „Готард“

Отворање на најдолгиот тунел на светот „Готард“

tunel 88333

На отворањето на најдолгиот тунел на светот „Готард“, кој минува низ срцето на Европа – швајцарските Алпи, денеска присуствуваат политички и религиски лидери.

„The Gotthard Base Tunnel“ ќе биде благословен од свештеник, отец, рабин и имам, денеска наутро како дел од инаугурацијата која е шанса за дипломатија.

Светскиот најдолг и најдлабок тунел официјално ќе се отвори денес, а на тој настан ќе присуствуваат бројни претставници на религиите, политиката и неколку земји.

Министерот за транспорт на Швајцарија Дорис Летард и претседателот Јохан Шидер-Аман ќе претседаваат на церемонијата во Полежио, во кантонот Тицино, пред бројни гости вклучително и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и германската канцеларка, Ангела Меркел.

Два воза кои ќе носат по 500 патници, избрани на јавно извлекување, ќе го направат првото патување низ тунелот во 12.15 часот, пред тунелот официјално да се отвори во 14.45 часот.

Историскиот настан е шанса Швајцарија да соработува со европските соседи.

Во вторникот вечерта Летард се сретнала со министрите за транспорт на седумте алпски земји да разговара за начинот на соработка за транспорт низ Алпите.

Сите се надеваат дека изградбата на тунелот ќе придонесе за побезбеден транспорт во зоната на Алпите.

Директорите на европските железници, исто така, го користат овој настан да се сретнат и да договорат мерки за развој на железницата на континентот.

Шефовите на железниците на Швајцарија и Италија договрија директна линија меѓу Милано и Франкфурт, која поминува низ „Готард“ во еден правец, а ќе почне да сообраќа во декември 2017-та година.

Шефот на француските железници не присуствуваше на состанокот поради штрајкот во неговата земја.

Сепак, не сите го гледаат отворањето на „Готард3“ како можност за соработка и дипломатија.

Според дневникот Le Matin, 59 швајцарски пратеници ќе го пропуштат настанот, поради други обврски.

„Точно е дека ова е историски настан, но имам други состаноци и ќе го искористам денот да заклучам некои состаноци“,  вели еден пратеник.

Жан Лук Адор го пропушта настанот поради присуство на имамот Беким Алими, кого тој го смета за радикален.

Околу 2.000 војници и полицајци ќе го обезбедуваат настанот од висок профил.

Тунелот „Готард“ е долг 57 километри и ги поврзува Ерстфелд во централниот дел на кантонот Ури, до Бодио во јужниот кантон Тицино.

Тунелот се градеше 17 години и за него се потрошија повеќе од 12 милијарди швајцарски франци, или 11 милијарди евра.

Кога тунелот ќе се отвори со полн капацитет во декември, ќе го намали патувањето од Цирих до Милано, на северот на Италија за речиси еден час и тоа ќе трае 2 часа и 40 минути.

Новата рута ќе го направи железничкиот сообраќај поефикасен, затоа што низ него ќе поминува тешко карго, со што ќе се намали потрошувачката на дизел гориво на патиштата, при што ќе се намали и аерозагадувањето.

Очекуваниот број на патници дневно се верува дека ќе се зголеми до 2020-та година на 15.000 од сегашните 9.000, соопштија швајцарските железници.

Комесарот за транспорт на ЕУ, Виолета Билц, минатата недела го опиша новиот тунел како „од Бога пратен за Европа“, кој треба да служи како „витална врска кој ќе ги поврзува Ротердам и Антверпен со пристаништата на Јадранското море“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП