20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа ја губи својата репутација на светски лидер по чиста енергија

Европа ја губи својата репутација на светски лидер по чиста енергија

cista 33pp

Европа го губи статусот на светски лидер во производството на чиста енергија, така што инвестициите во регионот паѓаат со 21 отсто во минатата година, додека трошоците во остатокот на светот се зголемуваат, соопштува „Bloomberg“.

Рекордни 328,9 милијарди долари се инвестирани во светот во сончева, ветерна и друга обновлива енергија во 2015-та година, покажува извештајот објавен од глобалната мрежа на политиката за енергија од обновливи извори „REN 21“. Истовремено трошоците во Европа се намалени до 48,8 милијарди долари во споредба со 62 милијарди долари, една година порано.

Исклучувајќи ја Кина, најголемиот светски инвеститор во чиста енергија, во 2015-та година Азија за прв пат има инвестирано повеќе од Европа во обновливи извори, покажуваат податоците во извештајот, извлечени од „Bloomberg New Energy Finance“.

Промената во обновливи инвестиции од развиените кон новите економии треба да се очекува предвид нивната зголемена побарувачка на енергија и прекинувањето на субвенциите во Европа, се наведува во извештајот. Во Германија финансирањето во секторот паѓа за 46%, главно поради промените во владината политика.

„Забележително во резултатите е тоа што тие се постигнати во момент кога цените на фосилните горива се на историско дно. Во исто време се набљудуваат значителните недостатоци во однос на државните субвенции за обновливи извори на енергија“, објасни Кристин Линс, извршен секретар на „REN 21“.

Кон соларната енергија повторно се насочени најмногу средства – 150 милијарди долари – повеќе отколку за сите други технологии земени заедно, со исклучок на хидроцентралите.

Само кај ветерот и сончевата енергија се забележува раст на инвестициите во 2015-та година, вложените средства за ветерна енергија се зголемуваат за 4% до 109,6 милијарди долари, а инвестициите во соларна енергија се зголемуваат со 12 отсто.

Оваа година тенденциите може да се менуваат и Европа да ја врати лидерската позиција по инвестиции во зелената енергија за сметка на Кина, каде вложените средства во секторот може да се намалат.

Глобалните инвестиции во првиот квартал на годината паѓаат за 13% до 52,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП