17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТемната страна на германскиот Jobwunder*

Темната страна на германскиот Jobwunder*

serveImage

Кога Мануела Куниг оди да пазарува за семејството, таа не посегнува кон полицата и не става во количката се што и се допаѓа – на неа и на нејзиното семејство. Туку таа ги сортира однапред предлозите – кои плодови се поевтини оваа недела. Кое сирење е на промоција. Па таа често купува јаболка, бидејќи се поевтини и не зема сирење.

40-годишната самохрана мајка со своите деца живее на работ на сиромаштијата – иако има постојан договор со „Toys “R” Us“ – американскиот магазин за играчки, кој има 65 филијали во Германија. Куниг, како 90 отсто од вработените во продавниците на овој синџир, има работно место со „флексибилно скратено работно време“, пишува во својата анализа германскиот „Die Welt“.

Тоа значи дека таа добива осигурани од работодавецот само минимален број на часови. Во исто време таа сепак треба да има подготвеност во секое време да работи подолго, и затоа не може да бара втора работа. Од овој модел заработува првенствено компанијата, бидејќи таа им плаќа на вработените, само кога продавниците се полни. Ако нема клиенти, вработените не добиваат дополнителни работни часови, а со тоа – и плата.

Истата шема во Германија ја користат и други работодавачи. Во целата земја околу 1,5 милиони луѓе веќе се погодени од „ориентирано кон капацитетот променливо работно време“, накратко – „Kapovaz“ (од „kapazitätsorientierte variable Arbeitszeiten“), пресметува Германскиот институт за економски истражувања (DIW) во Берлин.

Покрај „Toys “R” Us“ и други трговски синџири го користат инструментот кој им овозможува флексибилност на трговците, но истовремено ги турка вработените често до работ на егзистенција-минимумот. „Kik“, на пример, е сличен случај, но исто така и брендови како „Esprit“, „H & M“ и синџирот на облека „Breuninger“, работат на сличен начин.

И секаде каде вработувањето варира значително, работата по нарачка очигледно станува попривлечна за фирмите – во рестораните во туризмот или медицината. Во старечките домови медицинските сестри се именуваат само со такви договори.

Ниските податоци за невработените – 2,7 милиони во април, со околу 100 илјади помалку од пред една година, на крајот се едноставно „купени“. Купени со тоа дека политичарите всушност го држат отворен еден сив сектор во областа на нискиот надомест, во рамките на кој луѓето работат на работни места „втора класа“. Со нив се компензираат сите деловни ризици. Токму преку договори од типот „Kapovaz“ или преку договори со одредени подружници.

Синџирот за продажба на мебел „XXXL“ пример, која насекаде во Германија има огромни објекти за продажба ги именува своите вработени преку сестринска фирма. Тој добива договор од компанијата мајка.

Ако овој договор биде прекинат, тогаш фирмата која го именувала извршителот, поминува во стечај, а вработениот може да биде скратен во една замаф. Во неколку градови во последниве години судовите по работните спорови се занимавале со слични случаи на компанијата.

Последниот обид на сојузниот министер за труд Андре Налес да се спротивстави на овие трендови за флексибилност, имено – нови типови договори за работа, едвај можат да го сокријат фактот дека компаниите ќе ги заменат затворените дупки со нови креативни потфати и конструкции. И сето тоа ќе продолжи по старо, коментира „Die Welt“.

* „Jobwunder“ – по аналогија со „Wirtschaftswunder“ (германското економско чудо). Тука се има предвид за чудо на пазарот на труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП