6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолитичките превирања во Турција избришаа 24 милијарди долари од берзата

Политичките превирања во Турција избришаа 24 милијарди долари од берзата

berza istanbul 33

Турските акции во мај го запишаа својот најголем пад по две години, откако политичката криза во земјата и оставката на премиерот Ахмет Давутоглу доведоа до распродажби на средства, соопшти „Bloomberg“.

Индексот „Borsa Istanbul 100“ се намали за 8,1% во овој месец, што е најнаглиот пад од јануари 2014-та година.

Чекорите на претседателот Реџеп Ердоган за затегнување на стисокот околу власта доведоа до бришење на 24 милијарди долари од турската берза и турските обврзници станаа во најлошо вршење на пазарите во развој. Освен тоа турската лира се обезвредни со 5,3 отсто.

Наследникот на Давутоглу, Бинали Јилдирим изрази поддршка за намерите на Ердоган да ја централизира власта во претседателската институција.

Турските берзи се на пат да го запишат најголемиот одлив на капитал од ноември, кога Русија воведе санкции над земјата поради соборениот авион и кога Партијата на правдата и развојот победи на изборите.

„Би купил акции, ако има нормализирање на односите меѓу Русија и Турција и би купил дури и повеќе, ако се стави крај на долгиот циклус на избори и референдуми“, вели Мајкл Данечи од „Duet Asset Management“ во Лондон.

Турските акции се предмет на притисок и заради пошироките распродажби на ризични средства во мај, предизвикани од зголемените шанси ФЕД да ја заостри монетарната политика во текот на летото.

Акциите на банките „Turkiye Garanti Bankasi“ и „Turkiye Halk Bankasi“ поевтинија односно со 11% и 17% во мај. Странските инвеститори преземале капитал од акции во вредност од 645 милиони долари од 1-ви до 20-ти мај.

Лирата го доживеа својот најголем месечен пад од декември 2013-та година, па валутата поевтинува во однос на доларот со 0,30% и еден долар се разменува за 2,9454 лири.

Приносот по 10-годишните државни обврзници се зголеми за 75 базични поени до над 9,98%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП