Трговскиот ден на Македонската берза на хартии од вредност во вторникот започна со две блок трансакции во вкупен износ од 25,6 милиони денари.
Имено станува збор за тргување со акциите на Македонската берза (количество 278, цена 37.336 денари) и Централниот депозитар за хартии од вредност (количество 842, цена 15.000 денари).
Во класичното тргување, лидер според промет беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со промет од речиси половина милион денари и минимална промена на цената од 0,44 отсто, а втора по промет беше акцијата на Македонија турист АД Скопје со 320 илјади денари.
Најголем поединечен пораст оствари акцијата на АТП Пролетер Крива Паланка со раст од 100,33 отсто и истргувани 17 лотови по цена од 615 денари.
Индексот МБИ10 повторно во негативна територија, осми последователен трговски ден, и пад од 0,97 отсто при што моментално неговата вредност изнесува 1.710,98 индексни поени.