28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: Буџетскиот дефицит 10 % од БДП

Грција: Буџетскиот дефицит 10 % од БДП

bdp1

Грчкиот буџетски дефицит се искачи на 10 проценти од БДП во 2012 година, поради државната помош за загрозените банки во износ од осум милијарди евра.

Грчкото министерство за финансии, сепак, посочи дека оваа помош за банките нема да влијае на пресметувањето на буџетот во рамките на програмата договорена со ЕУ и Меѓународниот монетаен фонд, и дека без оваа помош, Грција ја исполнила целта за дефицитот која ја поставија грчките кредитори, пренесува Франс Прес.

„Методологијата на Еуростат тоа го вклучува во дефицитот, но според условите од програмата за закрепнување на грчката економија, тоа нема да влијае на дефцитот“, изјавија од грчкото министерство за финансии.

„Според прелиминарните податоци, буџетот за 2012 година изнесува 19,4 милијарди евра (10 проценти од БДП), се вели во соопштението на агенцијата за статистика.

„Вкупната помош за финансиските институции во 2012 година изнесуваше 7,734 милијарди евра“, се додава во соопштението.

Кога ќе се одземе помошта која им беше дадена на банките, грчкиот буџетски дефицит во 2012 година беше под целното ниво, односно 6 проценти од БДП, додава агенцијата.

Грција минатата година беше принудена да ја затвори државната земјоделска банка АТЕ, со цел да се избегне нејзиното пропаѓање.

Дури и некои големи грчки банки беа силно погодени од отписот на грчкиот долг, што беше услов на кој инсистираа ЕУ, ММФ и ЕЦБ во замена за испраќање помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП