17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТоп 10 најбрзите во светот

Топ 10 најбрзите во светот

najbrzanaslovna

Ексклузивните хиперспортски автомобили одамна ја победија максималната брзина од 300 km/h, а само неколку модели успеаа да ја преминат магичната граница од 400 km/h. Луѓето од Гинисовата книга на рекорди титулата за најбрз му ја доделија на „Bugatti Veyron Super Sport“, но конкуренцијата во меѓувреме не спиеше…

najbrza1

10. „Ferrari Enzo“ (363 km/h)

Легендарниот „Enzo“ мора да се задоволи дури со десетото место. Го придвижува 6-литарски, 12-цилиндарски мотор кој развива максимална снага од 660 KS. До „стотка“ стигнува за 3.3 секунди, а од месото до 200 km/h стига за само 9.5 секунди.

najbrza2

9. Mclaren F1 (372 km/h)

Поранешниот светски рекордер може да развие максимална брзина од 372 km/h, но само со блокадата за бројот на вртења. Со помош на деактивација на оваа блокада брзината расте на 391 km/h. За погонот е задолжен атмосферски дванаесетлитарски „BMW“ мотор со снага од 6.1 литри, чија максимална снага изнесува 627 KS.

najbrza3

9. Pagani Huayra (372 km/h)

Најновиот член на семејството на Хорацијо Пагани – „Huayra“ се придвижува со два турбополначи од работилницата на „AMG“. Со запремнината од 6 литри, инженерите успеаа да извлечат максимална снага од 733 KS. До 100 km/h доаѓа за само 3.3 секунди.

najbrza4

7. Saleen S7 Twin Turbo (399 km/h)

Опасната стрела од САД ја продолжи традицијата со моделот S7. Го придвижува седумлитарски V8 мотор кој потекнува од „Ford“, а е опремен со два турбополначи од марката „Garrett“. Па така резултатот е 750 KS и максималната брзина изнесува 399 km/h. Суперспортистот од 2005-та година е способен четврт милја да помине за неверојатни 10.5 секунди.

najbrza5

6. Koenigsegg CCXR (402 km/h)

Вистински суперспортист во нашиот избор чија максимална брзина почнува со бројот 4. Има V8 мотор со зафатнина од 4.7 литри, опремен со два компресори. Доколку за погон се користи етанол развива максимална снага од 1079 коњски сили. Од место до 100 km/h му е потребно 3.1 секунди.

najbrza6

5. Bugatti Veyron 16.4 (408 km/h)

Срцето на „Veyron“ е навистина фасцинантно: 4 турбополначи, W16 мотор со зафатнина од 8 литри и максимална снага од 1001 KS . Тоа е доволно за 408 km/h, а до „стотка“ доаѓа за само 2.5 секунди.

najbrza7

4. SSC Ultimate Aero TT (412 km/h)

Со брзина од 412 km/h, ова е навистина врвен брз суперавтомобил. Го придвижува турбо мотор на „Chevrolet“ чија максимална снага изнесува 1.199 KS која ја развива со помош на гориво од 92 октани. Исто како и „Veyron“ до 100 km/h. му треба 2.5 секунди.

najbrza9

3. Bugatti Veyron Super Sport (415 km/h)

Засилениот „Veyron“ сега има 1.200 kS и може да постигне максимална брзина од 431 km/h без блокада на бројот на вртежи, инаку моделот кој е на продажба достигнува 415 km/h.

najbrza8

2. Koenigsegg Agera R (420 km/h)

Под „хаубата“ на моделот „Koenigsegg Agera R“ се крие V8 петлитарски мотор опремен со два турбополначи кои со помош на горивото Е85 развива максимална снага од 1.115 KS. Од оваа година снгата на овој модел е зголемена на 1.140 KS. Со максимална брзина од 420 km/h, овој модел е втор најбрз автомобил на светот.

najbrza10

1. Hennessey Venom GT (428 km/h)

Можете само да замислите што се добива кога ќе вкрстите турбо седумлитарски мотор од „Corvette“ со шасија на моделот „Lotus Exige“. Максималната снага на моделот „Venom GT“ изнесува 1.261 KS, од место до 300 km/h му е потребно 13.63 секунди. Само 1.244 килограми е тежок автомобилот, а способен е да развие максимална брзина од 442 km/h кај некомерцијалните модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП