ЕКОНОМИЈА

Се зголемува бројот на работници во индустријата

industrija 3405

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во април 2016-та година, во однос на април 2015-та година, изнесува 101.1.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2016-та година, во однос на април 2015-та година, бележи пораст од 2.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2.8%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2016-та година, во однос на април 2015-та година, бележи пораст кај Енергија за 3.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.9%, Капитални производи за 10.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.5%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-април 2016-та година, во однос на периодот јануари-април 2015-та година, изнесува 101.6.