3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолжничката криза – ризик за еднаквоста

Должничката криза – ризик за еднаквоста

Mormon Conference

Должничката криза претставува сериозен ризик за европскиот „социјален модел“ на еднакви можности за сите, соопштуваат од Европската комисија.

„Извештајот на Европската комисија за индустриските односи во минатата година има загрижувачки тон“, изјави европскиот комесар за вработување и социјални работи Ласло Андор, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Острите мерки за штедење и болните економски реформи за стабизирање на јавните финансии повикуваат на успешен дијалог помеѓу работниците, работодавците и власта. Меѓутоа, социјалниот дијалог е под зголемен притисок во актуелната ситуација со потиснатата макроекономска побарувачка, зголемувањето на даноците и намалувањето на државните расходи“, изјави Андор.

„Потребно е да ја зајакнеме улогата на социјалните партнери на сите нивоа, доколку сакаме да излеземе од кризта и да ги зачуваме бенефициите од европскиот социјален модел“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП