27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката економија се лизна за 1,4 проценти

Грчката економија се лизна за 1,4 проценти

1565960907574c6183be3d3214259309_w640

Грчката економија падна за 1,4 проценти во првиот квартал од 2016 година, во однос на истиот, објави грчката управа за статистика.

Претходните прелиминарни проценки за падот на бруто домашниот производ (БДП) на земјата од 1,3 проценти се ревидирани.

Во објавениот извештај, статистичката служба на Грција наведе дека финалната потрошувачка на годишна основа е намалена за 1,3 проценти во периодот јануари-март 2016 година, при што потрошувачката на домаќинствата опаднала за 1,3 проценти, а општата потрошувачка за 1,5 проценти, пренесува агенцијата АНА.

Приватните инвестиции се намалени за 2,7 проценти во извештајниот тримесечен период, додека извозот на стока и услуги опаднал за 11,7 проценти, при што извозот на стока пораснал за 1,7 проценти, а увозот на услуги опаднал за 23,4 проценти.

Увозот ослабе за 12,8 проценти – во што увозот на стоки забележа пад за 9,2 проценти, а услугите за 26,6 проценти.

Според сезонски неприлагодените податоци, грчкиот БДП опадна за 1,3 проценти во првиот квартал во споредба со истиот квартал минатата година, додека во првичната проценка статистичарите објавија пад од 1,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП