12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа, доларот слабее

Азиските берзи пораснаа, доларот слабее

aziski-berzi

На азиските берзи цените на акциите во вторникот пораснаа, ублажувајќи ги загубите од почетокот на месецот, додека американскиот долар благо слабее по силниот подем последните денови.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во вторникот беше во плус 0,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,5 и 2 отсто. Во Австралија, пак, паднаа за околу 0,3 процента, па индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските утрово беше во плус од 0,4 отсто. Доколку остане така до крајот на тргувањето, во цел мај ќе забележи загуба од 1,9 отсто.

Доброто расположение на пазарите е благодарејќи на понеделничкиот раст на цените на акциите на европските берзи, иако обемот на тргувањето беше слаб, бидејќи во САД и во Велика Британија поради празниците не се работеше.

По почетниот пад индексот Nikkei утрово брзо закрепна, откако беше објавено дека индустриското производство во третата според обемот светска економијата во април неочекувано пораснала за 0,3 отсто, што укажува дека индустријата добро се држи, и покрај падот на извозот и низата потреси во јужна Јапонија. Благодарејќи најмногу на слабеењето на јенот, поради што расте ценовната конкурентност на јапонските производи на странските пазари, од почетокот на мај Nikkei индексот е во плус повеќе од 3 отсто.

Од друга страна, пак, и покрај тоа што утрово силно пораснаа, цените на акциите во Шангај се во минус од почетокот на месецов околу 2 отсто. Слична е ситуацијата на берзата во Хонгконг, каде што Hang Seng индексот утрово порасна за речиси 2 процента, додека во однос на почетокот на мај е во минус повеќе од 1 отсто.

Загубите на азиските пазари најмногу се последица од загриженоста на вложувачите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) може да ги зголеми клучните каматни стапки веќе во јуни или јули. Низа челници на банката, вклучително и претседателката Џенет Јелен, предупредуваат последните денови дека зголемувањето на каматите може да се очекува по некој месец, доколку растот на американската економијата продолжи како што се очекува. Новото зголемување на каматите на Fed, по она од ланскиот декември, би ја намалило ликвидноста на пазарите на акции, додека на земјите во развој ќе им го зголеми задолжувањето.

Поддршка на пазарите веќе подолг период има дава растот на цените на нафтата. Утрово на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,5 отсто, на 49,55 долари, па од почетокот на мај е во плус од 8 отсто. На лондонскиот пазар, пак, цената на барелот во вторникот претпладнето стагнира околу 49,70 долари, додека од почетокот на месецов е во позитива од 3,3 отсто.

На валутните пазари американскиот долар во вторникот претпладнето ослебе, по повеќедневниот раст. Откако во понеделник достигна 95,96 поени, највисокото ниво во последните два месеца, утрово индексот на доларот кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата шест најважни валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, се лизна на 95,57 поени. Од почетокот на мај порасна за 2,7 отсто.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна, пак, на 111,10 јени, откако во понеделникот достигна 111,45 јени, најголемото ниво во последните триесетина дена. Во мај зајакна за вкупно 44,4 отсто.

Американската валута во вторникот претпладнето ослебе и во однос на европската, по цената на еврото се движи околу 1,1140 долари, додека во понеделникот во истиот период од денот во еден момент потона на 1,1097 долари, најниското ниво во последните два ипол месеца. Од почетокот на мај доларот во однос на еврото закана за 2,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП