5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговорите започнуваат, а растот веќе 250 проценти

Преговорите започнуваат, а растот веќе 250 проценти

Vector Image - Mexico and European Union Flags in puzzle isolated on white background

Европската унија и Мексико официјално ги започнаа преговорите за дополнување на договорот за слободна трговија.

За овој договор европските официјални лица велат дека довел до пораст на меѓусебната размена за повеќе од 250 проценти.

Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром изјави денес дека тексот од договорот кој стапил на сила во 2000 година мора да биде подобрен со цел да се отстранат препреките за слободната трговија и да се унапреди отворениот пазар.

Мексичкиот министер за економија Илденфонсо Гуахардо Вилјареал оцени дека трговскиот договор ќе им донесе корист и на двете страни, како за земјоделско-индустрискиот сектор на Мексико, така и за финансиската и услужната индустрија во ЕУ.

Првата рунда на формални преговори ќе започне на средината на јуни.

Малстром наведе дека ЕУ и Мексико имаат традиционално добри односи и дека Мексико е првата латиноамериканска земја која со ЕУ склучила договор за слободна трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП