27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ја намали прогнозата за економскиот раст во 2013

Русија ја намали прогнозата за економскиот раст во 2013

rusija1

Руското министерство за економија денес ја намали прогнозата за економскиот раст за 2013 година од 3,6 проценти на 2,4 проценти, а како причина го наведе падот на индустриското производство и падот на побарувачката на потрошувачите.

Рускиот заменик-министер за економски развој Андреј Клепач, исто така, ја намали прогнозата за директните инвестиции од 6,5 проценти на 4,6 проценти, пренесува Франс Прес.

„Растот на бруто домашниот производ (БДП) оваа година ќе биде 2,4 проценти, инфлацијата ќе изнесува 5,8 проценти, додека одливот на капитал ќе изнесува од 30 до 35 милијарди долари“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП