1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкромен почеток на трговската седмица на Македонска берза

Скромен почеток на трговската седмица на Македонска берза

mak berza

Минимален промет од 1,2 милиони денари и 15 трансакции го одбележаа тргувањето на Македонската берза на хартии од вредност во понеделникот.

Најтргувана беше акцијата на НЛБ банка АД Скопје со промет од 545 илјади денари (количина 79, просечна цена 6.900 денари).

Најголем пораст имаа акцијата на РЖ Макстил (6,52 отсто) со истргувани 35 лотови по цена од 49 денари и акцијата на Бетон Скопје (+3 проценти) со истргувани седум акции по цена од 9.064 денари. Пораст од 3 процента имаше и кај акцијата на Реплек со истргувани два лота по цена од 37.801 денари.

Двата индекса МБИ10 и ОМБ останаа без промена на вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП