17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрачкиот извоз ги притисна цените на нафтата на ниво од 49 долари

Ирачкиот извоз ги притисна цените на нафтата на ниво од 49 долари

naftos-maf

Цените на нафтата се лизнаа во понеделникот во сиромашното тргување на меѓународните пазари во близина на нивото од 49 долари за барел, откако Ирак го усвои амбициозниот план за извозот во пресрет на кварталниот состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

Во електронското тргување на лондонскиот пазар цената на барелот падна за 35 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,97 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по речиси непроменета цена во однос на претходното затворање на пазарот, од 49,13 долари. Физичките пазари во Велика Британија и во САД во понеделникот беа затворени поради празниците.

Вниманието го привлекува состанокот на OPEC кој треба да се одржи во текот на седмицава во Виена, иако повеќето аналитичари не очекуваат промени во производството. Во меѓувреме Ирак се придружи на групата земји членки на картелот кои пред состанокот најавија зголемување на извозните квоти, како и дека на партнерите во јуни ќе им испорача дополнителни пет милиони барели нафта.

„Не очекуваме дека ќе биде постигнат договор на ниво на OPEC за конкретно количество на производство. Ирак планира да расправа за замрзнување на нивото на производството, но Саудиска Арабија и Иран веројатно нема да видат подготвени на таков чекор“, истакнуваат во белешката за клиентите аналитичарите од „Commerzbank“.

Тег за нафтата во понеделникот претставуваше и посилниот американски долар поткрепен од скорешното зголемување на каматните стапки во САД, и очекуваното зголемување на канадското производство по прекините поради големите пожари. Така, производителот „Suncor Energy“ планира во текот на седмицата да го зголеми производството на нафтоносните полиња во покраината Алберта, кои беа најмногу погодени од огнената стихија.

Одвоено OPEC објави дека центата на барелот на референтната кошница негова нафта во петок изнесувала 44,76 долари, што значи дека била за 67 центи пониска во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП