29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Mакедонија се отвораат најмногу трговски фирми, но и најмногу се затвораат

Во Mакедонија се отвораат најмногу трговски фирми, но и најмногу се затвораат

Firmi-trgovski-drustva-advokati

Новосоздадени претпријатија, 2014 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година се регистрирани 7161 новосоздадено претпријатие што претставува 10.6% од вкупно активните претпријатија во Република Македонија чијашто главна дејност според Националната класификација на дејностите – НКД Рев.2 припаѓа во секторите на дејност од Б до О1). Во однос на 2013 година е забележан пораст на новосоздадените претпријатија за 5.2%.

Гледано по сектори на дејност, најголем дел од новосоздадените претпријатија (32.1%) се во секторот Трговија на големо и на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а потоа следат секторот Објекти за сместување и сервис со храна со 11.9%, Преработувачка индустрија со 10.8% и Стручни, научни и технички дејности со 9.3%.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (70.7%).

Новосоздадени претпријатија во периодот 2009-2013 кои преживеале во 2014 година

43.2% од новосоздадените претпријатија во 2009 година сѐ уште биле активни во 2014 година. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија кои припаѓаат на секторите Дејности на здравствена и социјална заштита (79.5%) и Стручни, научни и технички дејности (56.9%).

Во 2014 година биле активни 37.6% од новосоздадените претпријатија во 2010 година, 48.1% од новосоздадените во 2011 година, 52.6% од новосоздадените во 2012 и 79.4% во 2013. Најголема стапка на преживување во 2010, 2011 и 2013 година имале новосоздадените претпријатија од секторот Дејности на здравствена и социјална заштита, додека кај новосоздадените претпријатија во 2012 тоа се претпријатијата од секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување (без класа 64.20).

Згаснати претпријатија, 2012 година

Во 2012 година згаснале 9993 претпријатија, односно 14.3% од вкупниот број на активни претпријатија во наведените сектори.

Најголем број од згаснатите претпријатија припаѓаат на секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли.

Анализирано според правната форма, најголемо е учество на згаснатите претпријатија категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

1) Секторите A, Љ, П и Р и класата 64.20 се исклучени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП