Француската економија продолжува да се подобрува во првиот квартал од годината во однос на последниот од 2015-та година, со раст на БДП-то до 0,6% на квартална основа.
Во последните два квартали од минатата година зголемувањето беше 0,3 отсто, покажуваат податоците на Националниот институт за статистика и економски истражувања.
Сепак пазарите очекуваа раст од 0,5%.
На годишна основа француската економија е зголемена за 1,3%, што е мало задоцнување наспроти вредноста во последниот квартал на 2015-та година (1,4%).
„Трошоците за потрошувачка на домаќинствата се регенерираат и запишуваат драстичен раст од 1% во однос на нулта вредноста во претходното тримесечје“, пишува во извештајот на статистичкиот институт. Генерално домашната потрошувачка со исклучок на промените во залихи придонесуваат со 1 процентен поен за растот на БДП-то, откако претходниот квартал додадоа 0,3 поени. Растот на извозот се стабилизира од 0% до 0,8%, а растот на увозот се забавува од 2,5% до 0,6%, покажуваат податоците.
source: tradingeconomics.com
Невработеноста и инфлацијата сепак претстават мешана слика на ситуацијата во Франција. Според податоците на Меѓународната организација на трудот невработеноста во урбаните средини во економијата број два во еврозоната е 9,9% во првиот квартал. Проблем би претставувала младинската невработеност која се покачува до 24,2% во периодот јануари-март.
Покрај тоа потрошувачките цени се намалуваат за месец во април, кога запишаа пад од 0,2%. Во март падот беше 0,1 отсто. На месечна основа потрошувачките цени се зголемуваат за 0,1% во април, откако во март забележаа 0,7 отсто раст.