15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобри вести во еврозоната: Ќе има вработувања

Добри вести во еврозоната: Ќе има вработувања

1076883380574c1ad60116b699823074_w640

Довербата во економијата на еврозоната порасна во месец мај втор месец по ред, благодарение пред се на зголемениот оптимизам меѓу потрошувачите.

Индексот на економската доверба, кој го пресметува Европската комисија, порасна во мај на 104,7 поени од априлските 104 поени, пренесува агенцијата АП.

Потрошувачите изразија поголем оптимизам во поглед на идната состојба на економијата на еврозоната, но и во поглед на изгледите за вработување и остварување на заштеди.

Кога станува збор за водечките членки на еврозоната, Франција евидентираше најголем скок на индексот, додека Германија регистрираше помал раст.

Освен тоа, индустрискиот и малопродажниот сектор покажаа поголем интерес за вработување, што, како што оценува АП, е добра вест за регионот кој сеуште е погоден со висока стапка на невработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП